Центарот за управување со кризи информира дека изутринава нема активни пожари. Изгаснст е пожарот во Општина Зелениково
-Пожарот во Зелениково не покажува знаци на горење. Дежурна екипа на БППЗ Скопје е на местото на пожарот.Вообичаено, доколку не е целосно изгаснат, ќе се појават знаци на горење со покачување на температурата“, информираше директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Вчера имаше 26 пожари на отворено, а во саботата беа евидентирани 30 пожари на отворен простор од кои најтежок беше тој кај Ајватовци.






