Дел од пожарот кај Ајватовци се движи кон манастирот, надлежните се обидуваат да го изгасат

Од Центарот за управување со кризи велат дека едниот крак на пожарот кај Ајватовци е ставен под контрола, а вториот крак се движи кон манастирот каде дел од вегетацијата е изгорена од вчера.



Но, додаваат дека нема опасност по населените места. Вчера имаше пожари во Битола и во околината на Кочани. 

Инаку, над селото Ајватовци се гасне пожарот со тоа што е на располагање – од летала, до пожарникарски возила, па се до лопати. Се гасне од небо, се гасне и од копно. Силината на пожарот варира според временските услови.

Опасност по селото Ајватовци или други населени места – нема, смируваат надлежните. Чадот се гледа од селото и острата миризба е сеприсутна. Сепак, теренот е далеку и тешка е проодноста. Без проблем стигнуваат само теренските возила на службите.

https://www.facebook.com/watch/?v=642729111170223