Антикорупциска ќе ја истражува фирмата од Желино, најголем донатор на ДУИ, која доби тендер од 1,8 милиони евра од МНР за да органзира настан на ОБСЕ, објави ТВ Сител.
– Пишува дека тој економски оператор бил со најниска цена, но прашањето е каков квалитет нуди, дали потоа ќе се склучуваат анекси? – вели Билјана Ивановска претседателка на ДКСК за Сител.мк
Министерство за надворешни тврди дека била избрана најниската понудена цена.
На „Еуровиа“ во сопственост на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот втор човек во ДУИ Абдулаким Адеми, ова и е трет тендер за нецела година. вреден 2 милиони евра.
Од друга страна, фирмата донирала на ДУИ 1,85 милиони денари како правно лице, додека Ељмедин лично на партијата и дал нешто над 2,5 милиони денари.
Според МНР, состанокот бил од големо значење па затоа чинело толку
– На јавната набавка се пријавија вкупно четири компании а изборот на изведувач на работите се вршеше врз основа на понудена најниска цена. Избраната компанија имаше понудено убедливо најниска цена, која достигнува разлика и до два и пол пати пониска од трето-рангираната и четврто-рангираната компанија. Увид во постапката и изборот кој е целосно согласно процедурите имаат сите институции и јавноста, а одлуката ја потврди и второстепената Комисија. За предвидените работи беше склучен договор во рамковен износ до 95 000 000 денари, а ќе се искористи согласно потребите и поединечните цени понудени како најниски за за извршените работи, велат од МНР.






