Во опширната репортажа со наслов „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“, српската државна телевизија РТС на гледачите им сугерира дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на Македонците“, пренесува бугарската новинска агенција БГНЕС.
Пред 5 години РСМ го смени името како услов да продолжи по европскиот пат, но сега Бугарија постави бариера и сака Бугарите да бидат наведени како малцинство во преамбулата на уставот…, а тие претставуваат само 0,19 на сто од населението“, наведува агенцијата.

Во информациите на РТС, освен „опасноста од Бугарите, не е пропуштен и вториот дежурен непријател – Албанците, кои ја заплашија целата земја“ истакнуваат од БГНЕС.

„Аргументот“ против „опасни измени на Уставот“ на РТС е целосно покриен со пропагандата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој секојдневно ги плаши сонародниците со „бугарски диктат“ по донесувањето на т.н. „Француски предлог“, кој го отвора патот за земјата да преговара за членство во ЕУ. наведува БГНЕС.





