Топка сладолед во Охрид 120 дренари, Европски цени за македонските граѓани кои реагираат дека е прескапо

Во екот на летото цените на хотелско-угостителските услуги во Охрид се превисоки за и така плиткиот џеб на македонските граѓани. Охрид е туристичка стапица посебно за домашните гости кои доаѓаат на одмор во нашата туристичка мека, објави Алфа. Но, не само домашните гости, туку и охриѓани укажуваат дека месното население во сред лето плаќа превисоки цени.



 Можам да речам дека од лани кога бев овде во Македонија, во Охрид е поскапо доста. Битола се разбира е поефтино.

 Пред 2-3 дена бев во овие кафичите што се покрај плажата овде,влегове во еден кафич и зедов јас една вода обична од 330 мл,син ми еден коњак и другото пријателче уште еден коњак ги плативме 800 денари, значи 800 денари.Тоа е нешто да не може човек да помисли.Можеби за странците е ефтино ова, ама за нашите граѓани од Македонија е многу високо, многу многу и на пазарот високи се.

Но на странците кои на пример за топка сладолед издвојуваат од 100 до 120 дренари, не им се топи паричникот оти им е полн со пари, а и животниот срандард им е висок.

За воља на вистината ова лето цените се далеку повисоки и во соседна Албанија која преку ноќ стана популарна дестинација со одлична реклама на странските медиуми каде ја нарекуваат Европски Малдиви. Во однос на цените силно критикувана е и Хрватска,но во последен момент тамошните гратски власти и туризмолозите се договорија, за домашните гости и месното население да има попуст од дури 30%, а ги намалија и цените дури и во најелитните хрватски летувалишта.

РТЛ:” На Хвар, еден од најскапите острови ,во стариот град во еден од најубавите и нај афтентични далматински места постои ресторан во кој кафето чини 1 евро”.