Може да убие некого, полициски командир стрела рафално во правец каде може да има жени и деца (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и МВР не реагираат за тешкиот инцидент кој се случил деновиве во Македонија а во кој поради неодговорност на полициски командир можеле да бидат убиени или ранети жени, деца и мажи.



,,Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава.

Ова е во Македонија, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо.
Не одговара ниту тој што го поставил”, пишува пратеникот и полковник Драган Ковачки за тешкиот инцидент користејќи го хаштагот
#ДалекуСмеОдЕу.

Во Македонија во последниве десетина години загинаа повеќе лица а дваесетина беа ранети од пукање на свадби, крштевки, сунети и други семејни прослави.

Куршумите испукани во воздух се доволно брзи да убијат човек. Начинот на кој пука командирот од видеото значи сигурна смрт за некој што ќе биде погоден.