Нема крај на лошиот систем во Македонија, кога се работи за вадење на лични документи. Новинарката Мери Јордановска со ироничен став за неможноста телефонски да се закаже термин за вадење на нови лични документи.

– Сериозно не сакам веќе да чујам како се жалите дека нема термини за закажување лични документи. Проблем нема, проблемот е до вас, господа. Јас и другарка ми ја откривме тајната, целата мистерија на процесот, кој сами си го плаќаме, ама тоа е сосема небитно во случајов. Сѐ што треба да направите е да свртите точно 184 пати (171 + 13, со тоа што некој ќе ви сврти во меѓувреме – тоа е задолжително, инаку магијата нема да успее) и гарантирано добивате термин и тоа во скоро време, за ваши пари, сподели таа на својот фејсбук профил.






