Иако се фатени на дело, зошто никако да признат „борците за слобода“ дека за пари шират лажни вести?!

Фатени на дело, ама никако да признат „борците за слобода“ кои за пари шират лажни вести. По скандалозната објава со која се руши угледот на опозицијата дека Џабир Дерала и негови медиуми плаќаат дебели пари за лажни видеа против ВМРО-ДПМНЕ, експресно беше прекинато спонзорирањето на Фејсбук. По овој скандал што го пласираше порталот „Фронтлајн“, реагираше и уредникот на емисијата Јовица Пауновски во којашто гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, и од каде што се сечени, лепени и монтирани делови од разговорот. Новинарот напиша дека видеото кое е извадено од неговото интервју е лажно и монтирано.



  • Како уредник и водител на емисијата, чувствувам одговорност да потенцирам дека станува збор за МОНТИРАНО И ЛАЖНО видео. Гостинот во емисијата не ги искажа овие ставови! Жално е што поединци го уништуваат новинарството во слуга на партијата, а во јавноста се претставуваат како борци за лажни вести“, напиша Пауновски.

Во монтираното видео на Дерала се слуша како Николоски зборува за тоа дека тој лично и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ, а во реалноста, Николоски го кажува токму спротивното.

Водителот и колумнист Богдан Илиевски откри дека од телефонскиот број на порталот „Фронтлајн“ се финансирало споделувањето на монтирано лажно видео од емисијата на Пауновски.

  • Кликам да видам кој спонзорира, има телефонски број. Го внесувам телефонскиот број на Вајбер за да видам дали има некој поврзан со тој број, а потпишан на Вајбер. Резултатот го имате во видеото. Мизерија“, напиша Илиевски, објавувајќи го видеото на кое се гледа дека медиумите на Џабир Дерала манипулираат и шират лажни вести од други профили на Фејсбук.
  • Дека проблемот со ширење лажни вести е сериозен реагираше и новинарот Кристијан Ландов.

Ова не е зезанција туку сериозен скандал. Наскоро ќе се објасниме зошто. И да, глупости као “Некој го злоупотребил бројот” не проаѓаат. За да можеш да спонзорираш политички објави, мора да со верифициран со телефонски број“, напиша новинарот.

Со реакција веднаш се јави и Џабир Дерала, кој, пак, тврди дека редакцискиот број бил злоупотребен за политичка кампања против ВМРО-ДПМНЕ.

И додека Дерала сам себе се демантира, со кратка проверка Фесјбук профилите „Мицко кочи“ и „Политиканти“, а кои се врзани со телефонскиот број на „Фронтлајн“ може да се види дека се одлеале илјадници евра за пропаганда против опозицијата и оцрнување на оние кои се противат на бугарските барања и уставните измени.

Инаку порталот „Фронтлајн.мк“ е дел од групација Шорткат каде влегуваат повеќе интернет страници.