Нема возови, зашто нема плати!

ккк Втор ден железничкиот сообраќај во државава е во прекин поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт.



Причина за бојкотот, што почна вчера попладне, е неисплатениот втор дел од платата за јули годинава.

Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека најави дека бојкотот ќе трае до исполнување на барањето, но и постигнување договор за редовна целосна исплата на платите.

„Ова веќе на ништо не личи, речиси за секоја плата мора да правиме бојкот и затоа ќе бараме да почнеме преговори и да се постигне договор да прекине оваа пракса“, рече Димовски.

И претходно во неколку наврати вработените ја бојкотираа работата од истите причини – ненавремени исплати на плати.