Американскиот заменик-помошник државен секретар вели дека целта на неговата посета на земјава не била да му кажува на лидерот на опозицијата што да прави или да му диктира услови, но дека сака јасно да стави до знаење дека САД ги избираат за партнери на Балканот оние што го приближуваат регионот поблиску до Европа.
„Јас не барам од луѓето да ја поддржат Владата. Барам од луѓето – ве молам, работете со нас, за да го поддржиме европскиот пат“ изјави Пабло Ескобар во интервју за „360 степени“,.
„Сакам да почнам со тоа што ќе кажам дека не дојдов овде за да им кажам на луѓето како да гласаат. Не дојдов овде за да им кажам на луѓето како да ја формираат владата. Не им го правиме тоа на нашите НАТО-сојузници.
Тоа што го правиме е – поставуваме очекувања.
Од една страна, му го пренесов истото ниво на ентузијазам што сакам да им го пренесам и на граѓаните на С. Македонија, а тоа е дека иднината на Јужна Европа е во Европската Унија.
Тоа е иднина во која овој регион ќе придонесува значително во растот на Европа и со тоа ќе придонесе и во нашата економија. Па, во таа смисла, има огромни можности за С. Македонија да се приклучи кон ЕУ“, вели високиот американски претставник на Стејт департментот.
На прашање дали гледа дека излез од сегашната ситуација се избори, Ескобар вели:
„Не е на САД да одредат дали брзи избори се решение, туку на граѓаните, а се надева дека тие „ја разбираат огромната можност која е пред нив и дека треба да ја искористат“. „Се надевам и дека ќе испратат сигнал до лидерите на С. Македонија дека го сакаат тоа и дека го сакаат тоа брзо, дека го сакаат сега“ – порачува тој.







