Калашников, фантомка, придушувач и огромен резил за МВР на Спасовски пред Ескобар

Возилото со кое се возеле напаѓачите на Раде Трајковски Штекли во ТЦ Ист Гејт го минало целиот град, најверојатно минало пред американската амбасада без да биде запрено од МВР по што е запалено во правец на езерото Треска во Сарај кај Горни Грчец.



Нападот се случил во 15.55 часот во ТЦ Ист Гејт во подземни гаражи на нивото минус 2 кај фирмата Карбокс.

Настанот почнал кога од Ауди А4 караван со странски национални ознаки излегле 2 засега непознати лица со фантомки на главите и вооружени со пиштоли со пригушувачи и автоматски пушки и пукале кон Раде Трајковски (1984) од Скопје.

По нападот кој се случил во најголемиот метеж во Скопје напаѓачите без проблем заминале во непознаг правец низ центарот на Скопје.
На лице место полицијата пронашла 1 чаура а
повредени лица нема.

Според мапата по која најверојатно избегале напаѓачите тие возеле 25 минути низ Скопје без да бидат запрени од полицијата на Спасовски што отвара други големи дилеми за настанот.

Кој е Раде Штекли

Додека Ескобар е во Скопје во Ист Гејт се случил мафијашки напад