„Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами вчера соопшти дека добил уште една покана од МВР да се пријави во полиција. Но, денеска тој изјави дека нема време да се пријави во полиција и оти не се плаши од апсење. „Тие знаат кај сум и можат да прават што сакаат.“ – кажа Касами. Оваа вест ја објавија информативната агенција Илирија – ИНА и други медиуми на албански јазик во Македонија.
ИНА пишува: Запрашан дали очекувал реакции од албанските партии и наградоначалникот на Чаир до полицијата и судот, Касами одговори: „Не може да има реакции од партиите во Владата, бидејќи поканата до мене и претседателот на општина Чаир е направена според нивно барање и нивно диригирање.
„Тие се обидуваат да ги искористат сите механизми, што ги имаат на располагање како власт, за заплашување на граѓаните, покрај заплашувањето што им го прават на претседателите на главните општини на Албанците во * Македонија. Времето на страв помина. Сега граѓаните се решени да направат промена по 20 години неуспешна власт на ДУИ.“ – рече Касами.





