Додека Ескобар е во Скопје во Ист Гејт се случил мафијашки напад

Околу 16 часот попладнево во подземниот паркинг на трговскиот центар Ист Гејт се случил мафијашки напад со употреба на автоматско оружје.



Според првичните наоди на полициската истрага неколку лица од возило пукале кон лицето Раде Трајковски Штекли.

Засега нема информации за повредени или загинати лица.

Во моментов се врши увид на инцидентот во кој е пукано од црно Ауди со странски регистерски таблици кое е забележано од камерите поставени во овој дел од Скопје.

Раде Трајковски-Штекли, кој неофицијално се поврзуваше со инцидентот во кој загина младиот фудбалер Мартин Јанушев на почетокот на ланската година е екстрадиран во Македонија за да издржува затворска казна од шест месеци.

Тој тогаш од Белград е донесен од српската полиција до македонската граница, каде е преземен од припадници на Министерството за внатрешни работи.

Трајковски-Штекли беше недостапен за македонските истражни власти уште од 2017 година а во 2019 година со шипки била претепана поранешната сопруга на Трајковски-Штекли, пред влезот на зградата каде живее.

Потерницата за Трајковски-Штекли била распишана поради соизвршителство во инцидент каде со насилство повредил друго лице по што бил осуден на 6 месеци затвор.

Напаѓачите возеле цели 25 минути низ системот Безбеден град без да бидат запрени од полицијата

Калашников, фантомка, придушувач и огромен резил за МВР на Спасовски пред Ескобар