Западни земји не можат да се приклучат на БРИКС додека воведуваат „незаконски санкции“ за членовите на групата, вклучително и за Русија, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
Падна одлука за прием на ноби шест членки во БРИКС
На последниот самит кој заврши вчера во Јуѓноафриканската република, БРИКС одлучи да ги покани да се приклучатСаудиска Арабија, Аргентина, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати.
Рјабков посочи дека групата ќе го разгледа барањето на која било западна земја доколку престане да применува санкции против Русија.
Сите учесници на Самитот на БРИКС демонстрираа интерес за проширувањето на оваа организација, истакна Рјабков на прес-конференцијата посветена на резултатите од самитот на БРИКС во Јужна Африка.
Според него, интересот за БРИКС и проширувањето на групата се неспорни.
„Повеќе од 15 апликации остануваат на маса за понатамошно разгледување“, посочи Рјабков.
„Истрошените западни обрасци на соработка, блоковската дисциплина и заблудата дека светот треба да се гради на бинарниот принцип: кој не е со нас е против нас – сето тоа ќе остане во минатото“, категорично изјави тој.
БРИКС е група која има непобитна тежина и ќе расте во однос на своето влијание, вклучително и во однос на меѓународните процеси. Колективниот Запад ќе мора целосно да се усогласи со ова на еден или друг начин“, рече Рјабков.







