Како што се приближува грејната сезона цената на огревното дрво полека се приближува до 100 евра за метар кубен зависно од квалитетот и видот на дрвото. Моменталната цена е скоро иста со ланската постигната пред одлуката на владата да ја замрзне во ноември. Во повеќето скопски складишта таа се движи од 4.500 до 5.400 денари и повеќе за кубен метар. Дел од складиштата во цената го пресметуваат превозот, а дел од нив за помали количини, на пример до 3 кубни метри наплаќаат 200 денари превоз, а за количини од 5 кубни метри и нагоре не наплаќаат за превоз, објави „ПлусИнфо“.

Граѓаните кои досега не се снабдиле со огрев велат дека веќе ги фаќа паника дека ќе мора да платат и повеќе од 6.000 денари за кубен метар, бидејќи ако се повтори ланската година цената во септември и во наредните месеци ќе оди нагоре. Повеќе на Плусинфо




