Холандскиот производител на пиво Heineken го заврши процесот за на напуштање на Русија со продавање на своите операции таму на руската групација Arnest за симболично едно евро, соопшти денеска компанијата.



Вториот по големина светски производител на пиво објави дека ги добил сите потребни дозволи за договорот за повлекување од Русија и дека најверојатно ќе претрпи екстремно високи загуби од 300 милиони евра.

Хајнекен ја објави својата намера да излезе од Русија по руската инвазија на Украина во март 2022 година, а сега признава дека целиот процес траел подолго од очекуваното.

Хајнекен имаше седум пиварници и 1.800 вработени во Русија, на кои им беше гарантирано вработување во следните три години.

Холандската пиварница минатата година го отстрани својот бренд Хајнекен од Русија, а производството на Амстел треба да биде прекинато во рок од шест месеци.