Откако беше фатен како финансира и шири лажни вести за опозицијата порталот Фронтлајн на Џабир Дерала тврди дека редакцискиот број бил злоупотребен за политичка кампања против ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму не демантираат дека редакцискиот број на Фронтлајн се користи за финансирање на политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ туку дека бројот бил злоупотребен.
Иако веста дека преку мобилен број сопственост на Фронтлајн кој е објавен и на нивната веб страница се финансираат лажни вести против ВМРО-ДПМНЕ е апсолутно точна од порталот велат дека се работи за лажна и оркестрирана вест.
,,Фронтлајн најостро ја демантира и осудува оркестрираната лажна вест дека нашата редакција го спонзорира или дека има каква било поврзаност со видео во кое Александар Николовски е изваден од контекст.
Ја осудуваме злоупотребата на телефонскиот редакциски број на Фронтлајн и ја сметаме за крајно тенденциозна и манипулативна. Ова е обид да се урне нашиот углед и кредибилитет, а клеветите ги отфрламе целосно и со индигнација.
Очигледно е дека се работи за сатирично видео, како и тоа дека соговорникот на ТВ21, Николоски, е изваден од контекст, што исто така е за осуда.
Ние такви сатирични видеа не продуцираме, ниту објавуваме, ниту спонзорираме. Немаме никаква врска со ова видео, ниту со Фејсбук страната за која се зборува во текстот на Лидер, Вечер, Нетпрес, Експрес, Курир и други, како и во Фејсбук објавите на Богдан Илиевски и функционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Навредливиот тон на објавите нема да го коментираме, нека им служи на чест на авторите”, пишува во реакцијата на редакцијата Фронтлајн на медиумскиот тајкун Џабир Дерала која вчера беше фатена како финансира политичка кампања против ВМРО-ДПМНЕ.
Провладин медиум ,,жив фатен” во пропаганда и ширење лажни вести (ВИДЕО)






