Лимани до Ахмети: Вие, бедници и криминалци од ДУИ и СДСМ, го чувствувате падот од власта и ги фрлате последните клоци во политиката!

Потпретседателот на опозициската партија Беса Фатмир Лимани преку објава на општествената мрежа фејсбук му одговори на својот вујко и лидер на ДУИ Али Ахмети, кој во интервјуто, дадено за Радио телевизија Косово, ја нарече „мала“ албанската опозиција во Македонија. Лимани вели дека овие изјави доаѓаат како последица на вознемиреноста на ДУИ, поради посетата на премиерот Албин Курти. Објавата на фејсбук на Лимани ја пренесува информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.



На фејсбук Лимани пишува: Албинизмот и вознемиреноста на Али Ахмети

Ставовите за пречекот со официјални протоколи на премиерот Албин Курти во општините Чаир и Тетово и злоупотребата на посетата на косовскиот министер за транспорт во партиските канцеларии на СДСМ-ДУИ се единственото објаснување на вознемирените, кои кои фрлаат последните клоци од својот живот во политиката.

Албин Курти беше примен и придружуван со длабока почит од градоначалниците на општините, заради инаугурација на два проекта поврзани со историјата и продолжувањето на врските меѓу Албанците од Скопје и Приштина, од Тетово и Призрен, од Горјето на Шара и Кукс, од Радика и Дебар, од Струга и Тирана… Но постојано и пред пристигнувањето, по испраќањето се до денес посетата на премиерот Курти се третира како илегална од страна на придружбата и до денес, посетата на премиерот од страна на СДСМ/БДИ се вели дека е третирана како незаконска и злоупотребена од партиите на обединетата албанска опозиција.

Бедниците и криминалците, облечени во рува на властодршци болни за фотелји, во моментите кога ги чувствуваат својот пад и губењето на власта преку платени вести се обидуваат да ѝ го пренасочат вниманието на масата, означувајќи ја посетата на Курти како приватна, тајна, безначајна и безвредна…

Но веднаш по клеветите и обинувањата дека премиерот на Косово бил божем искористен за партиски цели (заборавајќи на протоколарниот прием во општината), организираа средба со косовскиот министер за врски и транспорт во партиските канцеларии на СДСМ-ДУИ, во Мала Речица, со цел да ги присвојат и да ги искористат проектите реализирани пред неколку дена од страна на градоначалниците на општините Чаир и Тетово. Посети заради партиски цели и придобивки се случуваат во седишта и канцеларии на партии, а посетите заради придобивки и цели за народот се случуваат во општинските институции, кои се создадени за развој и заштита на општите народни интереси.

За да им ја олеснам вознемиреноста на властодршците, кои се заглавени во криминал и кражби, повторно ќе ја објаснам целта на посетата на премиерот Албин Курти: беше планирана, организирана, таа беше и останува во служба на негова легитимизација како премиер прифатлив за Албанците и надвор од територијата на Косово, додека Вучиќ, Ахмети, Абазовиќ и Рама сакаа да го изолираат премиерот на Косово, прогласувајќи го како антинационален, антиевропски, антиамерикански и против интересите на руско-југословенските пионери.

Ахмети, албинизмот подготвен во тестото на идеологијата на Хасан Приштина (водач на востанието за независност на Косово од 1912 и деец за обединување на сите Албанци) е развиван природно и нема да успееш да му го запреш патот. Запри го возачот Шефик да не врши притисок врз активистите, за да не го запрам јас!