Агелер воодушевена од доаѓањето на Ескобар во Скопје

Американската амбасадорка Ангела Агелер е воодушевена од доаѓањето на нејзиниот шеф од Вашингтон Габриел Ескобар во Скопје.



Таа денеска објави твит во кој како никогаш претходно изразува воодушевување од доаѓањето на помошникот заменик во американскиот Стејт Департмент.

,Со воодушевување го пречекуваме заменик-помошникот секретар Габриел Ескобар во Скопје денес и со нетрпение очекувам продуктивни средби”, напиша Агелер пред посетата и пред средбите со државниот врв и Мицкоски што Ескобар ќе ги има во Скопје.

Во СДСМ и ДУИ има големи очекувања од средбата на Ескобар и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од која власта се надева дека ќе биде скршен отпорот на опозицијата за уставните измени.

Фото амбасада на САД/прес конференција