
Единствената опција која остана на маса се предвремени праламентарни избори, порача опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, кој вели дека би прифатил лидерска средба но само за договор околу деталите за брзи избори, на кои се подготвени да одат и без техничка влада. Категорично отфрлат продолжување на дијалогот со власта околу уставните измени, кои како што и денеска порача Мицкоски нема да се случат. Според него тоа станало јасно на пеленарната седница во петокот. Потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за промена на Уставот, не поради инает, туку оти сметаат дека така е правилно.
„Нема ништо повеќе на маса, само една работа сега е на маса а тоа е лидерска средба околу датумот за предвремени парламентарни избори, и на таа лидерска средба да ги договориме деталите околу законските измени. Повторувам подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка влада и само тоа е сега на маса. Секој оној што сака да разговара со нас за ова прашање е добредојден. Се останато ВМРО-ДПМНЕ во моментот го смета во рамките на оваа кампања на тортура и притисок“, вели Мицкоски.





