Поради големиот хрисџтијански празник, Успение на пресвета Богородива, понеделник, 28 август, е неработен за граѓаните од православната вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика, повикувајќи се на Законот за празниците.
„Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)“, се вели во соопштението од МТСП.






