По инфорамциите дека шефот на платеници Евгениј Пригожин загинал синоќа во приватен авион во близина на Москва, точно два месеци по неговиот неуспешен бунт против руското воено раководство – Вагнеровци најавуваат одмазда.



На социјалната мрежа „Греј зона“, која е поврзан со платеничката војска на Пригожин, Вагнер, тврди дека авионот бил намерно соборен. Дека е убиен беше објавено и на каналот Телеграм поврзан со Вагнер.

„Но, и во пеколот ќе биде најдобар. Слава на Русија!“ е пораката која се споделува на мрежата што Пригожин обично ја користел за споделување видеа.

На каналите Телеграм и на социјалните мрежи е објавено видео во кое се најавува одмазда.

„Многу се зборува за тоа што ќе направи Вагнер во оваа ситуација. Ќе кажеме едно. Веќе сме на пат. Чекајте не“, е една од пораките.

Но, аналитичарот на Би-Би-Си накратко коментира дека без Пригожин, Вагнер во сегашната форма е готова приказна.

Од друга страна, украинскиот Национален центар на отпорот вели дека некои конвои на Вагнер се чини дека се упатуваат кон Русија.

„Конвоите веројатно се движат кон границата со Русија, но белоруските специјални сили се обидуваат да ги спречат нивните возила да заминат“, се вели во синоќешното соопштение, неколку часа по падот на авионот за кој се верува дека загинал Евгениј Пригожин.