УХМР информира дека ќе продолжуваат жештините, а денеска се очекува сончево и многу топло со мала до умерена облачност.



Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на некои места можно е и невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

.