Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека сосема се согласува изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер, „граѓаните да им дадат до знаење на политичарите дека сакаат да бидат дел од ЕУ .
„И граѓаните се тие кои што се суверен на оваа држава и тие треба на избори кои што би се случиле час поскоро да излезат и да кажат, ‘да’ за ЕУ, но и да го одберат решението како до тоа ДА во ЕУ“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на амбасадорката.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нуди свое решение, како и дека секој ден повеќе со СДСМ на власт значи ден изгубен за Македонија.
„ВМРО-ДПМНЕ има свое решение, го кажавме тоа јавно. СДСМ има свое решение претпоставувам и други политички партии ќе излезат на тие избори со свое решение. Граѓаните се тие кои што на тие избори ќе го дадат и ќе го кажат својот став. Секој ден повеќе значи ден изгубен повеќе за Македонија“ вели Мицкоски.
Тој смета дека за народот да каже која опција ја бира потребни се избори:
„Она кое што е моја порака е да ја сум за веднаш народот да им каже на политичарите која опција за бираат, дали опцијата која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ или опцијата која што ја нуди коалицијата од СДСМ. И да за тоа да се случи потребни се час поскоро да се случат предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски.






