Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, оценува дека дека зад случајот со навивачите на „Динамо“ – приттворени во Грција по убиството на навијач на АЕК пред повеќе од две недели – се крие политичка фарса и дека владата на Република Хрватска не може многу да направи околу тоа.



„Чекаме да видиме за што точно се товарат. Не можам да ве приведам без правна основа. Ова е еден од темелите на европското континентално право, оваа слобода“, рече Милановиќ.

Тој го повтори својот претходен став за случакот, но и нешто друго.

„Таму тие секако воени заробеници, тогаш нека се однесуваат според правилата на воениот закон па ќе разменуваме луѓе – ќе собереме сто Грци, онака без врска, бидејќи фрлале ливчиња“, вели Милановиќ.

„Знам дека некој ќе каже дека умрел човек. Да, страшно, но не отидоа таму со намера да го убијат. Немаа ни оружје, затоа што немаше да ја поминат границата“ вали Милановиќ според кој „има цела низа бариери на здравиот разум кои јасно укажуваат на тоа дека се работи за политичка свињарија“, пренесува Индекс.хр.

„На почетокот внимавате што зборувате за да не им наштетите на луѓето, но тие веќе им наштетиле“, додаде претседателот.