Во периодот по 11 јануари 2019 година – кога со уставните измени името на државата се смени во „Северна Македонија“ – се’ до август 2021 година, продолжи издавањето пасоши со „Република Македонија“, наместо со новото име, пишува Радио Слободна Европа.
Граѓанин за РСЕ вели дека во април 2021 година му била издадена лична карта со старото име на државата која му била со важност до 2031 година, но сега е принуден повторно да врши промена на личната карта за да добие нова која ќе важи и по февруари 2024.
Грчева: Моите документи се важечки и не мислам да ги менувам
Се разбира, трошокот за новиот документ – е од негов џеб, но граѓанинот за ова поднел и претставка до Народниот правобранител, а вели ќе бара од МВР да му биде издадена нова лична карта со новото име на државата на нивен трошок.
Георгиевски: Па, додајте ја, бре „северна“, не ги малтретирајте граѓаните пак да „се сликаат“
Граѓаните се колатерална штета на непромислените одлуки на власта, поради кои сега мораат повторно да плаќаат за нови лични документи, иако актуелните им се важечки, изјави Народниот правобранител Насер Зибери, за Алфа ТВ.
вели дека граѓаните кои имаат важечка лична карта, не треба да плаќаат за нова само поради новото уставно име, туку тоа треба да се плати од државниот буџет.
„…граѓаните да не бидат изложени на трошоци, зошто таа обврска се наметнува не по нивна вина, не поради истек на исправата, туку како резулатат на одлука на владата, на собранието, односно, државата. И од тие причини сметам дека граѓаните треба да бидат поштедени од еден ваков трошок“, вели Зибери за Алфа ТВ.
Според Борче Давитковски, професор на правниот факултет во Скопје ова е обврска која треба да ја плаќа државата, а не уставен и оценува дека ова може да биде оспорено пред Уставен.
„Точно дека не е евтино за државата, промената на документите чини многу пари, ама, еве, државата ќе гради автопати и ќе плати најмалку 500 милиони евра од парите на даночните обврзници само за експропријација на приватен имот.
Ако има толку за експропријација, веројатно има и за документите, што секако е државна, а не граѓанска обврска.
Ова може да се оспори на Уставен суд, но секако и судот сам би требало да реагира“, изјави професорот Давитковски за Слободен печат.







