Економисти: Потребни се мерки сега и веднаш за да не продолжи осиромашување на граѓаните

Цените на прехранбените производи како да се ставени на брза лента. Од ден на ден се оди на горе. Откако поскапеа млечните производи, поготово сирењето и кашкавалот, сега се најавува зголемување на цената на лебот. Зеленчукот и овошјето нагло скокнаа во последните неколку недели. Па така, ако во јули доматите и краставиците одеа за 40 денари, сега стасаа до 100 денари за килограм, анализира „Алфа ТВ“.



И пиперките не се за подрекување, до скоро држеа цена од 50 денари, но сега се и дупло поскапени. Економистите алармираат дека мерки се потребни сега и веднаш, за ублажување на ценовниот шок.

Според Синиша Наумоски, економската слика во земјава не чини, и затоа е потребна поголема соработка со институциите, иако и за следната година не се очекува некакво закрепнување на економијата.

Дека на скапотијата и нема крај алармираше и Сојузот на синдикати кој итно бара покачување на платите за луѓето полесно да го поминат овој тежок период. Синдикатот алармира државата да ги прифати нивните забелешки околку зголемувањето на платите, за да не продолжи трендот на осиромашување на граѓаните. Еве ги и останатите детали.