Власта ја реактивира операцијата ,,Атлантик” со цел кршење на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени

Според свиркачи во службите за безбедност луѓе од најголема доверба на врвот на СДСМ и ДУИ, во соработка со шефот на државата Пендаровски се реактивира операцијата ,,Атлантик” која беше спроведувана во 2017 и 2018 година со цел изолација на сите ентитети кои се противеа на Преспанскиот Договор.



Според информацијата на свиркачи, слично како и пред 5 години сега таргет на службите за безбедност се претставници на политички партии, јавни личности, новинари, бизнисмени кои се противат на уставните измени.

Изворите на expres.mk тврдат дека претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби соочени со неуспех да спроведат Уставни измени, повторно ја реактивираат разузнавачката обработка “Атлантик”.

Целта е да преземат мерки кон опозицијата и да изградат перцепција дека про-руски структури влијаат во раководството на ВМРО ДПМНЕ и опозицијата да не се промени уставот, обврска која владата на СДСМ и ДУИ, без консензус со опозицијата ја презема и за која нема 2/3 парламентарно мнозинство.

За потребите на операцијата се користат Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР).
Луѓето кои се под оперативна обработка се следени физички и преку електронски комуникации, а им се проверуваат и сите контакти што ги имале со години.

Според првичните сознанија на оперативците кои работат на случајот не може да се најде никаква врска меѓу позицијата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени со било какви руски врски што создава отпор на безбедносните експерти кои имаат политичка наредба по секоја цена, дури и користење на конструкции и лажни извештаи, да се направи ,,руска врска”.

Целта на планот на власта во кој учествуваат и повеќе медиуми и новинари на платен список на владеачки структури е да се создаде наратив за наводно руско влијание. по што како официјален извештај тој би бил предаден на западни НАТО структури кои треба да извршат притисок врз Мицкоски.

Во интервју за Сител премиерот Ковачевски пред два дена рече дека власта ќе преземе ,,Сѐ” за да дојде до уставни измени без да прецизира на што точно мисли.

Поврзани вести

Луѓе во СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе се соочи со силен притисок од западен ,,дипломатски булдожер”.

Ако Мицкоски мора да замине под странски притисок власта ќе размисли за предвремени избори во интерес на државата

СДСМ се крсти во ,,дипломатски булдожер” што треба да притисне за уставни измени

Г.М.