Премиерот Димитар Ковачевски и неговата партија СДСМ среде лето трошеле огромни пари за реклама на Фејсбук.
Извештајот на компанијата МЕТА покажува дека од 20 јули до 18 август Ковачевски и неговата партија потрошиле фантастични речиси 8300 евра.
Парите потрошени за политички пораки се дадени во период кога пензионерите излегоа на протести за поголеми пензии а државните функционери ги трошат своите плати повисоки за 78 проценти.
Според извештајот премиерот и СДСМ давале по околу 300 е ра дневно само за спонзорирање на политички пораки на Фејсбук.
Владата под своја контрола има огромен број страници на Фејсбук и други профили на други социјални мрежи како и огромна мрежа на платени пропагандисти и блиски медиуми.
Во изјава за медиумите министерката за труд и социјална политика Јована Тренчовска рече дека со 25 илјади денари двајца пензионери можат да преживеат.






