Грчева: Моите документи се важечки и не мислам да ги менувам

Професорката и петседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева, вели дека има важечки лични документи, но не и намера да ги менува поради тоа што некој навреме не ги усогласил, а сега граѓаните се тие кои мора одново да плаќаат и да се малтретираат да извадат нови со додвката „северна“ во името на државата.



„Моите лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) со името “Република Македонија“ се важечки уште неколку години и не мислам да ги менувам.

Ако некој не ги усогласил на време, нека одговара! И ќе одговара бидејќи г-ѓа Олгица Трајковска им поднела тужби на Заев и Спасовски. Алал да и е.

Во најмала рака, за оние кои ќе решат да ги менуваат, менувањето треба да биде бесплатно, бидејќи им менуваат важечки документи.

Наместо тоа, луѓе со денови се обидуваат да добијат термин (по телефон или електронски) и никој не им одговара.

Нема институции, ниту одговорност во демонтирана држава. Самоволие и собирање пари од сиромаштијава“, напиша во објава на Фејсбук Грчева.