Османи: Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија

По изјавата на министерот за одбрана на Србија, Милош Вучичевиќ дека признавањето на Косово од страна на Македонија и Црна Гора „ќе им се удри од глава“ и дека со тоа била „отворена Пандорината кутија“, реагираше шефот на македо0онската дипломатија, Бујар Османи.



Тој на својот Фејсбук профил порача дека Северна Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки од функционерите од соседството.

„Се залагаме за регионална стабилност и соработка, вклучително и со Р. Србија и Р. Косово. Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија“, напиша Османи.

Вучевиќ, пак, преку Твитер, му одговори дека „и покрај сите злонамерни и неосновани медиумски известувања, Србија делува како одговорен, доверлив и предвидлив партнер на сите наши соседи“.