САД ги повикаа своите граѓани: Веднаш напуштете ја Белорусија

Американската амбасада денеска им порача на американските граѓани во Белорусија веднаш да ја напуштат оваа земја.



Голем број земји, вклучително и Литванија, ги затворија граничните премини со Белорусија поради нејзината соработка со руските сили за време на инвазијата на Украина.

„Напуштете ја Белорусија преку преостанатите гранични премини со Литванија и Латвија или по воздушен пат“, се вели во соопштението. Амбасадата, исто така, ги предупреди американските граѓани да не патуваат во Белорусија поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина и поради ограничените можности што САД можат да им ги дадат на поединците кои живеат или патуваат таму.

Засега отворени се четири гранични премини со Литванија, а можно е дополнително затворање на границите, пишува Sky News.