Уби седум бебиња и се обиде истото да го стори со уште шест.



Британија: Медицинска сестра-убиец на бебиња прогласена за најефективен сериски убиец…

Луси Летвби, медицинската сестра прогласена за „најефективниот“ сериски убиец во историјата на Велика Британија, денеска е осудена на доживотна казна затвор.

Летби (33) е една од само трите живи жени кои добиле таква затворска казна во Велика Британија.

Летби одби да присуствува на судот за изрекувањето на пресудата, кога родителите на нејзините жртви го опишаа во детали влијанието на нејзините злосторства.

Судот наредил да и биде доставена копија од забелешките за изрекувањето на казната и од изјавите за влијанието на жртвата во нејзино отсуство.