Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјава на министерката за труд и социјална политика според која „не било нормално“ луѓе со повисоки пензии да се солидаризираат со пензионерите кои бараат линеарно зголемување и конечно зголемување и на минималната пензија до 13.000 која во моментов ја добиваат над 92.000 пензионери.



„Министеркава за труд и социјална политика е еден од тие интелектуални бисери на владата на Ковачевски.

Еве сега ја слушам ни вели не било нормално пензионери со пензии од 30.000-40.000 денари да излегуваат на протести.

Тоа се тие кои подалеку од сопствениот га* не гледаат и за кои се почнува и завршува со личната добивка.

Јас излегував да демонстрирам со лицата со попреченост, со припадниците на ЛГБТ заедницата, со сексуалните работнички, со наставниците, со текстилците, со заштитниците на природата, со социјалците, со жртвите на извршителите, со полицајците, со лекарите, …

Ете од вакви големи бели птици не можеме да мрднеме на скалилата на цивилизацискиот развој“, објави Најчевска на својот Фејсбук профил.