Актерот Сашо Тасевски на Фејсбук објавува дека брачен пар на летувањер во Охруид му испратиле фортка на која се гледа цената по која обичен ѓеврек се продава во екот на туристичката сезона.
„Охрид. Ѓеврек 130 денари. Ѓеврек бе!
Како не ви е срам? Ова е кражба, кажано без заобиколување. Искрено не заслужувате домашни туристи со вакви цени.
Туризам вака не се прави.
Сејшелите ли сте? На Сејшелите поевтино се хранат туристите.
Греота и кон оние кои немаат а сакаат да седнат. Маж жена со две деца ми ја пратија фоткава. 500 деннари за четири ѓеврека. Каде се четири јогуртчиња? Ама овие на суво го тискале. Иначе отиде илјадарче за доручек.
Имам и друга. Два омлета две шопски две ракии, леб…. 1.600 денари сметката.
Осло и Рио го*на да јадат за цените у однос на вас. Во Стокхолм турски симит е 0,84 евра“, пишува Тасевски.







