Од Скопје до Белград за три часа. Македонија и Србија заедно ќе ја градат брзата пруга

Од Скопје до Белград ќе се стигнува за три часа кога ќе биде реализиран проектот за изградба на брзата пруга, најави српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ.



Српскиот министер посочи дека Србија потпишала меморандум со Македонија, со што двете земји заеднички ќе аплицираат до ЕУ за средства за изградба на дел од брзата пруга Ниш – Скопје, пренесува Н1.
Кога ќе биде готова пругата, ќе бидат потребни три часа да се патува од Скопје до Белград. Тоа драматично ќе го промени животот на граѓаните – рече Весиќ.