Македонски државјанки на возраст од 48, 60 и 66 години вчера попладне биле спасени од давење на плажата „Голем“ кај Каваја, на албанското крајбрежје.
Веднаш им била укажана прва помош од присутните туристи на плажата, крајбрежната стража и полициските службеници од Каваја кои биле дежурни на крајбрежјето.
„Трите жени итно се пренесени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош.
Жената на 48-годишна возраст е надвор од животна опасност, додека во потешка состојба се другите две, на 66 и 60-годишна возраст, дознава ТВ21.







