Демократскиот сојуз оценува дека Владата на СДСМ и ДУИ не направи никакви реформи во судскиот систем, владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и не ги промени изборните правила и дека без реформи и резултати тешко ќе се движиме напред.



„Повеќе од јасно е дека нема доволна поддршка за уставни промени, поради што Демократскиот сојуз предлага распуштање на Парламентот и предвремени избори. 

Изборите се наш национален и стратешки интерес!

Сакам да упатам кристално чиста порака и повик до СДСМ и ДУИ:

Ако сте за стабилност, за модерна и европска Македонија, Вие кои ги загрозивте националните интереси и евроинтеграциите на Македонија, излезете на избори!

Или ќе добиете поддршка или народот ќе ви каже „Марш да ве нема“!

Повикувам да обезбедиме сплотеност, единство и државничко однесување.

Да го послушаме народот и цврсто да застанеме зад неговите и националните-државни интереси“, се вели во соопштението од Демократскиот сојуз.