Метеорологот Попоски најавува 7 дена „тропски“ температури

Температури и до 40 степени, најавува метеорологот Славчо Попоски за следните седум дена во Македонија, објави Фактор



Од денеска, па во следните шест до седум дена утринските температури на повеќе места ќе останат околу, па и над 20 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 40 степени.

Во Скопје и околината ќе биде многу топло со ветер од северен правец, и истиот повремено ќе биде засилен на интензитет.

Минималната температура ќе се спушта во интервалот помеѓу 19 и 21 степен, додека максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 37 степени.

Следните ноќи, особено во централните и во југоисточните предели, како и во Скопската котлина ќе бидат “тропски”, кога температурите нема да паѓаат под 20 степени.