Припадници на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” вчера успеаја да спасат пет лица едрилица, која поради невремето и дефект изгубила контрола.
По повикот за помош од сопственикот на едрилицата, таа околу 19.25 часот била пронајдена на околу 7.000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија.
Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди.







