Во „морето“ информации за поскапување и најави за поскапување на прехранбени артикли речиси неверојатно прозвуче веста дека цената на свинското месо, засега, нема да се зголеми.
Не постои оправдана причина за зголемување на цените на месото бидејќи јачменот и пчемицата бележат намалување на цената, тврди потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов, кој воедно е и еден од поголемите производители на месо во штипско-карбинскиот регион.
„Нема да има покачување на месото бидејќи житарицата беше евтина, дури цената е намалена од ланската година. Месните индустрии сакаат да покачат како и млечната, а цената на млекото производителите го намалија, од 35 на 30 денари”, вели Сарафимов.
Со цена од 140 денари жива мера производителите на месо, односно фармерите се задволни од цената која во овој момент е повеќе од реална, додава Серафимов.






