
Единственото решение, единствениот разумен излез се изборите. Избори на кој народот ќе одлучи врз основа, внимавајте врз основа на конкретни решенија кои ќе ги понудат партиите како понатаму – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.
Мицкоски истакна дека сега е дојден часот кога народот треба да слушне Влада со народен легитимитет и најави „патриотско решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија“.
-Нашите црвени линии и нашата борба за гаранции во однос на прашањето со Бугарија се јасни. Ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија. Но, за да го направиме тоа потребни се прво избори. Власта удри во ѕид потребно е рестартирање. Потребен е нов правец. И не гаам илузии дека наспроти јасната волја на народот изразена на сите јавни мерења дека оваа Влада е готова, дека СДС е под нејзиниот основен минимум на поддршка дури и под 200 илјади гласови, а можеби и подолу, дека сепак одлучувачка е математиката на гласови на пратеници во Собранието која за жал сеуште е во полза на власта. Затоа е реално беспредметно секое гласање на доверба кое одново може да заврши со киднапиран пратеник кој ќе си го бара срцето и разумот некаде во светот, како што и се случи. Но предупредувам дека секој месец повеќе вештачко одржување на оваа власт ќе значи две работи прво губење време, второ уште подлабока криза – посочи Мицкоски.





