Мелони: „Платете ја сметката за тие идиоти“

Ова била реакцијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони, откако разбрала дека четворица италијански туристи избегале од ресторан во градот Берат во Албанија – без да платат.



Настанот се случил додека италијанската премиерка заедно со семесјтвото помина неколку дена на одмор во Албанија, на покана на Еди Рама.

„Уникатен чин на дипломатија, италијанската влада ја подмири сметката за ресторан на шетворица италијански туристи а кои заминаа без да платат“, ппишува Би-Би-Си.

Мелони по немилиот случај му рекла на италијанскиот амбасадор: „Оди и плати ја сметката за овие идиоти“, изјави Еди Рама за весникот Ла Стампа.

Италијанската амбасада во Албанија во соопштение потврди дека ја платила сметката, наводно околу 80 евра (68 фунти), во име на нејзините граѓани.

„Италијанците ги почитуваат правилата и ги отплаќаат своите долгови и се надеваме дека нема да се повторат епизоди од ваков вид“, се вели во соопштението.

Италијанскиот министер за земјоделство и зет на г-ѓа Мелони, Франческо Лолобриџида, исто така беше на патувањето во Албанија и изјави за новинската агенција Ројтерс дека плаќањето на сметката е прашање на гордост.

„Неколку нечесни поединци не можат да засрамат нација од пристојни луѓе“, рече тој.

Не е јасно кога се случил инцидентот, но безбедносното видео од групата како излегува од ресторанот и талка во ноќта стана вирално на социјалните мрежи.

Сопственикот на ресторанот изјави за албанската ТВ Репорт дека тоа е прв пат клиентите да го напуштат неговиот објект без да платат и рече дека четворицата Италијанци дури и дале комплименти за храната.