Професорката Тања Каракамишева на Фејсбук објавува примери за тоа што пишува во уставите на соседите, и како тие ја утврдуваат уставната позиција на МАЛЦИНСТВАТА?
📌Чл. 1 од Уставот на Србија,
Србија е држава на српскиот народ и на сите граѓани кои живеат во неа.
📌Преамбула на Уставот на Албанија,
Ние, народот на Албанија…
📌Чл. 3 од Уставот на Косово,
Косово е мулти-етничко ОПШТЕСТВО составено од албанска и други заедници,
📌Чл. 4 од Уставот на Грција,
Сите Грци се еднакви пред законот.
Чл. 1, Власта, (моќта) произлегува од НАРОДОТ, постои за НАРОДОТ и НАЦИЈАТА.
📌Чл. 1 од Уставот на Бугарија,
Целата моќ во државата произлегува од НАРОДОТ.
Можам да пишувам до недоглед!
НЕМА НИТУ ЕДЕН УСТАВ КАКО НАШИОТ во кој се споменуваат ДЕЛОВИ ОД НАРОДИ!
Дури и често споменуваниот Устав на Хрватска ни оддалеку не е сличен со нашиот Устав.
Во Преамбулата на Уставот на Хрватска се набројуваат членовите на НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА (значи не делови од народи) кои се составен дел на ХРВАТСКАТА НАЦИЈА!







