Вложија во фотоволтаици, сега не можат да продаваат вишоци енергија

Компаниите кои инсталираа фотоволтаици сега не можат да ги извадат потребните документи за да ги продаваат вишоците на струја. Тие велат дека на овој начин им се доведени во прашање инвестициите кои ги реализираа во година на најголема криза со електрична енергија, пишува Плусинфо. Мк
Дел од компаниите се жалат дека сега проблем станал и уписот на забелешка во имотниот лист дека покривната конструкција на објектите е дадена под кирија на инвеститор со лиценца за продавање на струјата. Други, пак, се жалат дека општинските администрации одолговлекуваат и натаму во издавањето на потребните дозволи за градба и за пуштање во употреба на објектите.
– За да се продаваат вишоците произведени од фотоволтаиците, компанијата треба да најде инвеститор кој има дозвола за тоа, бидејќи компаниите сами не можат да ги продаваат вишоците. Ние донесовме инвеститор, но сега е потребно во нашиот имотен лист да се стави забелешка дека покривот е издаден под кирија, но Катастарот скоро една година не ни го одобрува ова со неразбирливо образложение, па не можеме да ја ставиме во погон централата и да ги продаваме вишоците. Дополнително, проблем е и општинската администрација која одолговлекува во процесите – вели Ангел Димитров од конфекцијата „Мода“ од Свети Николе.



Тој додава дека е неразбирливо зошто катастарот не го дава документот кога веќе ист таков дал за фотоволтаиците поставени на друга зграда исто така сопственост на компанијата.

– За првите фотоволтаици кои се поставени исто така на покривот на погонот, но на друга зграда, Катастарот без проблеми стави забелешка во имотниот лист, но за втората зграда исто така сопственост на компанијата.

– За првите фотоволтаици кои се поставени исто така на покривот на погонот, но на друга зграда, Катастарот без проблеми стави забелешка во имотниот лист, но за втората зграда ни прави проблеми веќе една година, со неразбирливо образложение. Овие фотоволтаици не можеме да ги пуштиме во производство поради тоа што ни недостасува овој документ. По една година веќе се плашиме дека и поставената опрема ќе почне да откажува, а инвестицијата ќе биде залудна – вели тој.
Со сличен проблем се соочуваат и други компании кои не можат да ги продаваат вишоците струја произведени од фотоволтаиците во кои инвестираа лани, а дел од нив се во завршна фаза на изградба. Тие се жалат дека скоро сите институции одолговлекуваат во издавањето на потребните документи за да може инвестицијата да заврши во потребните рокови и тие да можат да ја користат струјата, а вишоците да ги продаваат што всушност и беше целта на компаниите да ги намалат трошоците за струја со купување скапа увозна струја.

– Залудни беа нашите напори и напорите на владата дека со последните законски измени се олеснуваат процедурите, ако на другата страна ја имате бавната општинска администрација која се обидува на секој начин да го закочи процесот – вели бизнисмен.