Вака премиерот Димитар Ковачевски, го оправда негласањето вчера на пратеникот Илија Николовски од Партија на пензионерите.
Отсутен од седницата беше и Диме Велковски, пратеник од СДСМ кој случајно или не, не гласаше ниту за заклучоците за т.н. француски предлог, лани во јули.
Запрашан дали тоа го доведува под знак прашање „единството“ во владината Коалиција, Премиерот Ковачевски со објаснување:
„Во нашата партија и коалција има апсолутно единство во однос на гласање на уставните измени.
Пратеникот Илија Николовски, инаку претсдател на Партијата на пензионерите, имаше проблем со пристискањето на соодветното копче на системот за гласање, меѓутоа за да не бара поединечно изјаснување беше оставено со 70 гласа да биде изгласан дневниот ред. Инаку, тој постојано беше со коалицијата.
Пратеникот Диме Велковски денеска не беше, беше најавено неговото отсуство и не беше присутен во Собранието, што не значи дека нема да биде присутен на наредните седници“, одговори премиерот на новинарско прашање.







