Фуере: И Софија има обврски што мора да ги исполни

И Софија, не само Македонија, мора да покаже големина во спорот со Скопје, изјави поранешниот амбасадор на Европската Унија (ЕУ) во Македонија, Ерван Фуере, за порталот indeks.mk.



„Изборите пред македонскиот народ се тешки. Ако Бугарија сака да биде запаметена како земја членка на ЕУ која ги почитува и се придржува до основните принципи на човековите права и основните вредности на кои се заснова ЕУ, тогаш мора да ги прифати и спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на македонското малцинство во Бугарија по одобрувањето на уставните измени од парламентот на Македонија“, изјави Фуере.