Независниот пратеник Скендер Реџепи-Зејд, денеска предупреди дека во блиска иднина би можело да се случи некои албански општини да почнат да го бараат патот кон ЕУ.
„Оптимист сум по природа, но во случајов сум песимист дека може да има уставни измени“, рече Реџепи, како што пренесува Плусинфо.
За потребата, според него, од изгласувањето на уставните измени тој предупреди дека „ова е една шанса сите да патуваме заедно кон ЕУ и во ова патување имаме пречки поради некои индивидуални причини“.







