Мицковски до ДУИ: „Вас ве заболе уво за Македонците“

Наместо да бевте солидарни со сограѓаните Македонци поради негирањето на нацијата, историјата, јазикот и културата од страна на Бугарија, како што Македонците беа за вашите права и вашето национално и етничко воздигнување и самопочитување, „вас ве заболе уво“, реагира новинарот Ивор Мицковски на „најавата“ од ДУИ дека денес ќе се видело кој е за ЕУ, а кој за Русија околу гласањето за уставни измени во Собранието.



„Оооф леле ова прозападнава крими-авангарда ама ги поедноставува работите.

Напротив, однесувањето на Бугарија и ЕУ која ја поддржува, во случајот со Македонија не е кохерентна вис-а-вис Украина и руската агресија.

Бугарија го прави врз Македонија истото што Русија врз Украина само без воена агресија: ја негира нацијата, историјата, јазикот и културата.

Ама вас ве заболе за Македонците, како што уво ве заболе и за Украинците, наместо да бевте солидарни со сограѓаните како што они беа за вашите права и вашето национално и етничко воздигнување и самопочитување.

Вие имате една агенда, со Запад декларативно, а дома бетер од Русија, кради, лапај, ограничувај, убивај слобода и демократија, правна држава и напредок. Вие сте Русија за Албанците и за Македонците“ пишува Мицковски в о објава на Фејсбук.