Усвоен дневниот ред на седницата за Уставни измени

Собранието со 70 гласа „за“, 47 „против“ и без „воздржан“ глас го усвои дневниот ред на 123-тата седница која има само една точка – Предлог за пристапување кон измена на Уставот. Гласањето беше проследено со аплауз со опозицијата бидејќи се покажа дека нема 80 пратеници
Седницата започна со обраќање на Премиерот Ковачевски:
-Сите знаат за создавањето на нашиот вековен идентитет. Предлогот за дополнување на Уставот има само една релација: влегување во ЕУ. Предлогот е наш македонски, порача Ковачевски.
По усвојувањето на дневниот ред отпочна претресот за потребата од носење на уставните измени, за чие усвојување е неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Пријавени се 9 пратеници за збор по секоја партија од еден
Тоа е првата од вкупно трите фази неопходни за промена на Уставот.